Руд му се одмазди на Циципас и го крена пехарот во Барселона

Каспер Руд денеска беше подобар од Стефанос Циципас со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-3 во финалето на турнирот во Барселона.

Руд тргна лошо во мечот и го загуби својот сервис, но потоа заигра на повисоко ниво и му одзема два гема на сервис на Гркот за славје од 7-5.

Во вториот сет имаше само еден брејк, и тоа од страна на Руд во четвртиот гем за водство од 3-1, по што тој сервираше без проблеми до 6-3.

Руд со оваа победа му се одмазди на Циципас за поразот на мастерсот во Монте Карло.