Прекинат пресот после прашање за Ѓоковиќ како заразен се шетал во декември (ВИДЕО)

Прес-конференцијата на семејството на најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ заврши после незгодно прашање од странски медиуми дали српската ѕвезда и покрај позитивниот тест на ковид-19 на 16 декември, слободно се шетал низ Белград.

Ѓоковиќ за своето „лекарско иземање“ околу вакцинацијата за да влезе во Австралија доставил документ од српскиот институт за јавно здравје Батут дека на 16 декември добил позитивен тест на ковид-19, но веќе следниот ден се дружел со деца на кои им делел пехари, а ден потоа снимал едиторијал за најугледниот француски весник „Л'Екип“.

Откако семејството Ѓоковиќ го прашаа за овие датуми и сѐ што се случувало во ек додека Ноле бил заразен, братот Ѓорѓе прво прокоментира дека сѐ било одлука на здравствените власти, а потоа со таткото Срѓан ја прекинаа прес-конференцијата.