По елиминацијата од Дејвис купот: Ѓоковиќ и другарите плачеа пред новинарите!

Конференцијата за медиумите на српската Дејвис куп репрезентација по поразот од Русија беше најверојатно најтажната во спортот, зашто плачеа српските тенисерки и селекторот Ненад Зимоњиќ.

Новак Ѓоковиќ, Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ, Виктор Троицки и Зимоњиќ по неуспехот се расплакаа како мали деца додека даваа изјава за новинарите. А само Јанко Типсаревиќ успеа да ги задржи солзите.

„Последната средба на златната генерација. Ние не сме ниту пријатели, ниту соиграчи, ние сме семејство. Неа да паметиме победи и порази, туку нашето пријателство“, кажа Зимоњиќ.

Познат италијански новинар во еден момент ги повика присутните да ги поздрават Србите, па тенисерите добија гласен аплауз.