Кралски пречек за Ѓоковиќ: Дрес од Реал со неговото презиме и место покрај ѕвездите (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Мадрид, но синоќа беше присутен во шпанската престолнина и ја искористи можноста да присуствува на дуелот меѓу Реал и Барселона.

Од домашниот клуб беше пречекан како крал, лично претседателот на Реал, Флорентино Перез му подари дрес со бројот 1, а потоа се смести во свечената ложа, покрај големите ѕвезди во своите области.

 

 

Покрај него седеа познатиот актер Енди Гарсија и поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди, а интересно е тоа што на натпреварот беше присутен и големиот тениски ривал Рафаел Надал, еден од најпознатите навивачи на Реал.