Ѓоковиќ, сепак, отпатува во Мајами – не да игра тенис туку да ужива на плажа (ФОТО)

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ненадејно се појави во Мајами, иако претходно објави дека нема да игра на мастерсот во Флорида (20-31 март).

Фотографите го „уловија“ Србинот како ужива на најпознатата плажа во овој град. Тој беше во друштво на својот тим, па камерите го уловија и Карлос Гомез-Ерера, тим менаџерот и спаринг партнер, но и уште едно момче чиј идентитет не е познат.

Тој беше во и во Лос Анџелес со Ѓоковиќ, па се претпоставува дека и тој е дел од тимот. Српскиот тенисер сега се подготвува за сезоната на земјена подлога, која за него ќе почне на 7 април во Монте Карло, а ќе кулминира со „Ролан Гарос“.