Ѓоковиќ останува без тренер: Иванишевиќ добил понуда каква што не се одбива?

Хрватските медиуми пишуваат дека Горан Иванишевиќ наскоро ќе престане да соработува со Новак Ѓоковиќ, зашто добил понуда да стане селектор на хрватската тениска репрезентација.

Ѓоковиќ нема ништо против тоа Иванишевиќ да ја преземе хрватската селекција, па порача дека таквиот потег би бил природен.

„Секако дека е убаво да се слушнат такви информации. Јас немам ништо против и тоа е природно според мене. Искрено, ова е првпат да слушам за таква можност, но Горан ја има мојата поддршка“, порача Ѓоковиќ.