Ѓоковиќ нема да игра во Мадрид!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на мастерс турнирот во Мадрид кој се игра следната недела.

По елиминација во полуфиналето во Монте Карло, Ѓоковиќ реши да го скокне турнирот во Мадрид, но се очекува да настапи во Рим кој е последниот пред Ролан Гарос.

Српскиот тенисер не брани поени од Мадрид, бидејќи и минатата година се повлече од овој турнири.

Мастерсот во Мадрид се игра од 22. април до 5. мај, турнирот во Рим пак е од 6. до 9. мај.