Ноле го дозна ривалот во осминафиналето - доаѓа стариот должник
Младиот Чех го победи американскиот квалификант Итан Квин со 6-3, 7-6 (7-4), 7-6 (7-5) и закажа трет дуел со Ѓоковиќ. Во претходните две меѓусебни пресметки, двајцата играчи остварија по еден триумф. Новак славеше во Шангај во 2024 година, но Меншик му возврати со победа во финалето на Мастерс турнирот во Мајами минатата година.
Тогаш 20-годишниот Меншик славеше во два тајбрека и во тој момент го спречи Ѓоковиќ да стигне до 100-тата титула во кариерата. Сега Новак ќе има можност да му се одмазди и да направи уште еден чекор кон 25. Гренд слем титула во кариерата.