Федерер со солзи во очите ја крена 103-тата титула во кариерата (ВИДЕО)

Роџер Федерер по десетти пат ја освои титулата во Базел, што за него беше дури 103-та во кариерата. Сепак секој трофеј му значи многу на Швајцарецот, кој уште еднаш се расплака кога го креваше трофејот. 

Во родниот Базел во финалето го совлада Алекс де Минаур со 6-2 и 6-2. 

„Беше тоа брз, но убав меч. Мислам дека одиграв одлично. Беше тешко во почетните гемови, имавме неколку одлични размени, но потоа ја преземав контролата. Бев одличен кога требаше да нападнам, не правев многу неизнудени грешки и сервирав добро кога беше најпотребно. Не можев да замислам дека тука ќе победат дури 10 пати, не можев да замислам ниту еднаш, па затоа ова е посебно чувство. Ви благодарам на сите, ќе се видиме и следната година“, рече Федерер.

За Федерер ова беше четврти трофеј сезонава по Дубаи, Мајами и Хале.