Федерер: Не сум на нивото на Ѓоковиќ и Надал

Роџер Федерер долгата пауза од една година поради повреда на коленото ја прекина на турнирот во Доха, кога загуби во четвртфиналето. 

Повторно паузираше два месеци и сега се враќа на турнирот во Женева. Швајцарецот признава дека моментално е далеку од формата на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, но верува дека може да се врати на старите победнички патеки.

„Надал и Ѓоковиќ се во една категорија, а јас сум во сосема друга. Откако ќе одиграм десетина натпревари ќе можам да кажам на што сум, но моментално не би сакал да играм против било кој од нив двајца“, вели поранешниот рекет број 1.

„Кога ќе бидам комплетно здрав и кога ќе минам доволно време на теренот, ќе имам далеку повеќе самодоверба и повторно ќе бидам помеѓу најдобрите играчи во светот“, додаде Федерер.