Загина светски шампион во скијање, го затрупала лавина

На 32-годишна возраст во Јапонија загина поранешниот светски шампион во халф-пајк скијање, Кајл Смејн.

Кајл Смејн скијал на планината Хакуба Норикура во Јапонија. Скијал со тројца пријатели кога оддеднаш почнала лавина која ги затрупата. Тој и уште еден од пријателите загинале, двајца други се спасиле.

„Тоа беше кошмар. Адам, Кајл и уште еден скијач се обидоа да изгегаат. Адам 25 минути помина закопан на длобочина од еден и пол метри. Чудно е дека успеа да преживее. Кајл за жал не преживеа, лавината го отфрлила 50 метри во воздух, па го затрупала. Во близина беа доктори кои дојдоа да ни помогнат, но за жал немаше спас. Адам и јас ова ќе го паметиме до крајот на животот. Не знам како ќе живееме со тие слики во главата“, изјави Грант Гундерсон, фотографот кој ги снимал авантурите на Смејн.