Линдзи Вон ја имаше втората операција по тешката повреда на ЗОИ 2026
Вон на стартот на трката ја скрши ногата, а докторите ѝ даваа 15 минути помош на патеката, пред да ја префрлат со хеликоптер во болница.
Легендарната скијачка се врати на натпреварувањта минатата сезона по долга пауза. Вон имаше и претходно проблеми, а реши да настапи во Италија и покрај скинатите лигаменти.
Спортскиот директор на Меѓународниот олимписки комитет, Пјер Дукре кажа дека американската скијачка со нејзиниот тим решила да настапи без разлика на повредата, но тоа заврши лошо на патеката.
„Мислам дека е јасно тоа што им даваше можност на спортистите да тренираат за да бидеме сигурни дека се во состојба да се спуштат низ патеката. Таа можеше да тренира и донесе одлука да учествува, таа одлука беше само нејзина, но за жал донесе до повреда“, кажа тој.
Фото: EPA