ПФМ прекрстена во Национална пливачка федерација - нов претседател е Филипчев

Пливачката федерација на Македонија заминува во историја, бидејќи сега официјалното име на оваа спортска организација ќе биде Национална пливачка федерација. 

Прв претседател на пливачката федерација со ново име ќе биде Александар Филипчев, кој доаѓа на местото на Александар Маленко.

Поради договорот од Преспа и по известувањето од Агенцијата за млади и спорт, пливачката федерација веќе е регистрирана во Централниот регистар со новото име Националната пливачка федерација.