Злато за Анастасија Кузмина во биатлон на 12,5 километри

Анастасија Кузмина од Словачка триумфираше во биатлон на трката на 12,5 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Таа стигна до својот трет медал во Јужна Кореја, прв златен по двата сребрени во другите дисциплини. За Кузмина ова беше вкупно трето злато на ЗОИ, откако во Сочи и Ванкувер претходно беше прва во спринт.

Словачката денеска триумфираше со време од 35 минути и 23 секунди, додека втора финишираше Дарија Домрачева од Белорусија со 18,8 секунди заостанување, додека на победничкиот подиум се искачи и Тирил Екоф од Норвешка.