Златен медал за Канада во брзо лизгање, Блумен стигна до нов рекорд на ЗОИ!

Победник на трката во брзо лизгање на 10,000 метри и освојувач на златниот медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг е канадскиот лизгач со потекло од Холандија, Тед-Жан Блумен, кој постави олимписки рекорд.

Блумен до целта стигна за 12:33,77 и така го направи најдоброто време на Олимписките игри. Претходно овој натпреварувач беше сопственик на светски рекорд во иста дисциплина.

До сребро стигна Холанѓанецот Бергсма со заостанување од 2 секунди и 21 стотинка, а бронзата ја освои Италијанецот Тумолеро со големи 14,45 секунди заостанување во однос на шампионот.

Да потсетиме, ова е втор медал за Блумен во Пјонгчанг, кој учествуваше на трката на 5,000 метри и освои сребрен медал.