Тотална доминација - Стох леташе најдолго и во Пјонгчанг!

Најдоминантниот ски-скокач во оваа сезона, Камил Стох, успеа да стигне до златото на Зимските олимписки игри.

Полскиот ас, момчето кое ги освои сите четири стани на Новогодишната турнеја и убедливо води во Светскиот куп, славеше во Пјонгчанг на големата скокалница со летови од 135 и 136,5 метри и така го одбрани златниот медал кој пред четири години го освои во Сочи.

Среброто му припадна на Германецот Андреас Велингер, а трет беше Норвежанецот Роберт Јохансон. Стој воедно стана и првиот кој успеал да го одбрани олимпискиот трон на големата скокалница уште од легендарниот Финец, Мати Никене (1984 Сараево, 1988 Калгари).