Русите ги понижија Американците, Швајцарија ја торпедираше Јужна Кореја!

Во третото коло на Олимпискиот турнир во Пјонгчанг, репрезентацијата на руските олимпијци победи против екипата на САД со 4-0. Додека на останатите средби Словенија успеа да ја победи Словачка, Чесите беа подобри од Канада, а Швајцарија ја декласираше Јужна Кореја.

Руската олимписка екипа веднаш во првата третина стигна до гол и тоа преку Николај Прохоркин, а истиот играч погоди уште еднаш на почетокот на втората третина. Работата ја заврши Ковалјчук со уште два голови и тоа на крајот на втората третита и почетокот на последната.

Словенија во тежок дуел ја победи Словачка со 3-2 и така стигна до второто место во група Б. Словенците водеа со погодоците на Грегорц и Куралт, а Словаците израмнија преку Бубел и Хашчак. При изведување на пеналите Словенија беше подобра со 2-1, а Јеглиќ го постигна решавачкиот гол.

Швајцарија претходно ја декласираше Јужна Кореја со високи 8-0 додека Чешка во дербито и борба за првото место во група А беше подобра од Канада.