Норвежаните направија урнебесна пародија - Пјонгчангнам стајл! (ВИДЕО)

Еден од најпрепознатливите амбасадори на Јужна Кореја е песната „Гангнам стајл“, која стана светски хит број еден и своевремено беше најгледаниот видео-клуп на Јутјуб. Беше интонирана и на свеченото отворање на ЗОИ во Пјонгчанг, а норвешкиот скијачки тим најде посебен начин да ѝ изрази почит.

Направиле пародија на песнава и тоа со изменета мелодија и секако, со свои зборови. Дури и насловот е оригинален - Пјонгчангнам стајл! Во спотот учествуваат и некои од норвешките репрезентативци на оваа Олимпијада во Кореја.