Микаела Шифрин им покажа на сите кој е најдобар во светот

Водечката во Светскиот куп во алпско скијање, Микаела Шифрин, го освои златото на велеслаломската трка во Пјонгчанг.

Шифрин го заслужи најсјајниот трофеј со извонредно второ возење, откако во првото доцнеше 20 стотинки зад Италијанката Мануела Мелг.

„Не знам како успеав. Во еден момент, по првото возење си реков, јас ова можам да го победам. Се обидов да го држам тоа чувство и се фокусирав повеќе и еве ме. Ова е лудо, чувствувам толку многу емоции во моментов“, рече Шифрин.

Зад ена заврши Норвежанката Рагнхилд Мовинкел со 39 стотинки задоцнување, а Италијанката Федерика Брињоне ја освои бронзата. Мелг заврши дури осма, а шампионката од Сочи, Викторија Ребензбург мораше да се задоволи со четвртото место.