Мајер славеше во супервелеслалом, Хансдотер сензационално до златото во слалом

Утринава на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг беа поделени медали во две алпски дисциплини. 

Во машка конкуренција, Австриецот Матијас Мајер дојдед до златниот медал во супервелеслалом и ја прекина 16-годишната доминација на Норвежаните во оваа дисциплина. Мајер до победата дојде со време од 1:24,44 минути пред Беат Фојц од Швајцарија, додека Кјетил Јансруд од Норвешка беше бронзен.

Кај дамите се случи големо изненадување, откако фаворитката Микаела Шифрин не успеа да стигне до подиумот, односно финишираше на четвртото место во слалом. Победата и златниот медал ги освои Фрида Хансдотер од Шведска. Со среброто се закити Венди Холденер од Швајцарија, додека медал освои и Австријката Катарина Галубер.