Јужна Кореја ќе загуби десет милијарди долари од ЗОИ во Пјонгчанг

Домаќинот на 23-те зимски игри инвестираше десетина милијарди долари на изградба на инфраструктура, а само стадионот на кој ќе се одржат отварањата и затворањата на Олимписките и Параолимписките игри чини над 100 милиони долари и потоа стадионот ќе биде урнат.

„На крајот на денот, кога сè ќе се собере и одземе, Јужна Кореја ќе потрши 13 милијарди долари, а од сè ќе заработат нешто над 2,5 милијарди 'зелени банкноти'. Ако нешто може да се оправда во целиот проект за ЗОИ во очајниот биланс, е фактот дека на долг рок со ваква промоција од туризам, може да има бенефит во дел на странски инвестиции и трговија. Во моментов нема податоци или докази дека Олимписките игри на друго место имале ваков финансиски негативен исход“, вели Зимбалист.

Јужна Кореја освен што потроши милиони долари на изградба на потребната инфраструктура за спортските борилишта, најголемиот дел од трошоците во милијарди „зелени банкноти“ ги даде за да го поврзе олимпискиот град со престолнината Сеул.

Најголем дел од парите беа наменети за изградба на брза желеница, но прашање е колку е исплатлив проектот за градот кој има само 44 илјади жители. Пјонгчанг е најмалиот олимписки град во историјата, а досега тоа беше норвешки Лилехамер со 50.000 жители во 1994 година.

Од друга страна владата на Јужна Кореја и подржувачите на организацијата на ЗОИ во Пјонгчанг тврдат дека на долг рок, ЗОИ ќе донесе приход од 18,5 до 60 милијарди долари

Инаку најскапи зимски игри се тие во Сочи во 2014 година, кои чинеа 51 милијарда долари.