Херој на ЗОИ: Првпат застана на скии лани, а кога ја мина целта го пречекаа посебни лица! (ВИДЕО)

Герман Мадразо, 43-годишниот Мексиканец, го оствари најлошиот резултат во историјата на зимските олимписки игри, но без оглед на тоа, тој е јунак на ЗОИ во Пјонгчанг и звучи како доказ на олимпискиот дух.

Мексиканецот за првпат во својот живот застана на скии лани, но тоа не му пречеше да си го оствари сонот - да настапи на Зимски олимписки игри.

Мадразо се натпреваруваше во трката на 15 километри во нордиски стил, каде целта ја мина дури 26 минути по победникот Дарио Колоњ од Швајцарија, кој славеше со време од 33 минути и 43,9 секунди.

Мексиканецот трката ја заврши како 116-ти од исто толку натпреварувач, доцнеше половина час, но затоа имаше специјален дочек откако ја мина целта, составен од негови колеги од „велесилите“ во скијање Колумбија, Тонга, Мароко и Португалија, кои трката ја зазвршија како 111, 113, 114 и 115ти.