Компанијата „Пелистерка“ за новата 2018 година подготви спектакуларен календар со 12 македонски спортистки, сите најуспешни во своите дисциплини, а „Спорт1“ успеа да ѕирне во „бекстејџот“ и да презентира ексклузивни фотографии од подготовката на календарот кој ќе биде презентиран утре. Наташа Андонова, Едина Муса, Дрита Ислами....и уште девет првенки во своите спортови ги покажаа идеалните, неодоливи спортски тела од кои машката публика ќе трепери 12 месеци.

Идејата е да се покаже дека жените можат да бидат убави, женствени, секси, но паралелно и силни, упорни и дисциплинирани. „Пелистерка“ ја привлече спортската јавност и пред почетокот на 2016 година, кога направи секси-календар и со ракометарките на ЖРК Вардар.

Овој пат се решија за најуспешните македонски спортистки во неколку колективни или индивидуални спортови, а мотото е „Вода за најдобри!“. На овие фотографии ја гледате конечната верзија на месецот чиј заштитен лик ќе биде Наташа Андонова, како и кошаркарката Едина Муса и џудистката Берна Шерифовска. Целосниот календар, со 12-те фотографии ќе биде соопштен утре, на прес-конференција во хотел „Мериот“ во 11 часот.