Белорусија ќе испрати олимпијци во Пекинг, кои исклучиво го подржуваат Лукашенко!
Како што објавуваат опозициски медиуми после жестоките протести, по кои многу опозиционери завршија и во затвор, две екстра-талентирани нордиски скијачки, Дарја Долидовиќ (17) и Свиатлана Андријук (22) се повлечени од списокот, а дури и нивните лиценци преку федерацијата се укинати.
И сето тоа е поради фактот дека таткото на Дарја, Сергеј Долидович, седумкратен олимпиец на Белорусија, е против режимот на Лукашенко. Тој е тренер на овие две нордијки, ама поради политичката определба, олимпискиот сон на двете талентирани скијачки сега нема да се оствари.
„Никој нема, ниту ќе се обиде да ви објасни зашто Дарја и Свиатлана не се во тимот и зошто ова им се случува. Се обидовме да добиеме образложение, ама едноставно не добивме такво нешто. Овие две девојки ниту биле на протести, ниту се потпишувале на петиции за слободни избори. Ама мислам дека сѐ е поради моите ставови. Од секогаш сум велел дека на земјата ѝ треба промена, јас сум опозиционер, па...“, вели Сергеј.
Ланското лето во Токио, Белорусија беше дел од најголемиот скандал откако поради критики кон тренерите во атлетската селекција и кон челниците на олимпискиот сојуз, Кристина Цимановска, требаше да биде депортирана назад, ама атлетичарката успеа да избега на аеродромот, по што сагата доби политички предзнак, па на крај заврши како емигрант во Полска.
Сега, според опозиционерите, синот на претседателот, Виктор Лукашенко, кој е прв човек на олимпиското движење, стриктно бара олимпијци кои не го критикуваат режимот и не се опасност во Пекинг да направат „скандал“ или да изпраќаат преку настапите пораки против власта во нивната земја.