Македонската одбојкарска репрезентација ги одработи и последните подготовки пред историскиот настап на дебитанстското учество на Европското првенство кое годинава за прв пат ќе се игра во четири земји.

Ждрепката посака „Спартанците“ да се најдат во групата која се игра во Словенија, а покрај домаќинот во неа се уште и Финска, Русија, Белорусија и Турција.

Македонија утре го игра првиот меч против селекцијата на Финска, која е закажан за во 17:30 часот.