Вчера влезе во Куќата на славните во УФЦ денеска заврши зад решетки

Еден од најдобрите УФЦ борци на сите времиња Џон Џонс денеска бил уапсен во својот дом во Лас Вегас, САД.

Американецот е обвинет за домашно насилство, велат од полицијата. Тој ќе биде задржан 12 часа во притвор, а кауцијата му е 8.000 долари. Засега нема повеќе детали околу случајот, бидејќи ниту УФЦ ниту пак до таборот на Џонс нема официјален кометар за обвинението.

Интересно е тоа тоа дека Џонс синоќа беше примен во Куќата на славните во УФЦ, а неколку часа подоцна заврши со лисици на рацете. Ова не е негов прв проблем со законот. Претходно беше уапсен поради инцидент со автомобил и два пати падна на допинг тест.

Многу експерти во мешаните боречки вештини го сметаат за најдобриот борец на сите времиња и досега официјално има само еден пораз во кариерата кога контроверзно беше дисквалификуван, а има 26 победи.