Малолетен ММА борец почина за време на борба (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Голема трагедија изминатиот викенд на ММА турнир во казахстанскиот град Номад, каде што среде меч загина 17-годишниот борец, Канат Ахунов.

Несреќникот бил удрен во стомакот во втората рунда и веднаш паднал, а по пристигнувањето брзата помош можела само да констатира смрт.

На младиот човек се обиделе да му помогнат и медицинските работници во спортскиот комплекс, додека неговиот тренер малку порано доставил лекарско уверение дека здравствената состојба на 17-годишниот борец е нормална.

„Дојде, рече дека не му е добро, го извади штитникот за уста, а јас му дадов вода. Тогаш го прашав - сакаш ли да продолжиш да се бориш, дали е се во ред? Рече да, трипати вдишуваше и издишуваше и падна по околу 20 секунди. Ударот на противникот беше во фаза на паѓање. Ова се гледа на видеото, тој не падна од ударот. Веднаш притрчавме, ја извадивме кацигата, го извадивме штитникот за уста, мислев дека голтнал јазикот, но се беше на свое место. Лекарите констатираа срцев удар“, изјави неговиот тренер.