„Не разбирам зошто го убија женскиот бокс, не можев да ги гледам солзите на Карина“
Алжирката минатата година беше дисквалификувана поради зголемено ниво на тестостерон, но доби дозвола да настапи на Олимписките игри во Париз, а тоа Кремлев смета дека е погрешно.
„Не разбирам зошто го убија женскиот бокс, само спортисти кои ги исполнуваат правилата треба да се натпреваруваат во рингот. Важна е нивната безбедност. Не можев да ги гледам солзите на Карина“, кажа Кремлев.
Битката меѓу Келиф и Карини траеше само 46 секунди.