Мејведер ќе се врати од пензија, ако добие два меча во ист ден – со Мекгрегор и со Хабиб

Боксерската ѕвезда Флојд Мејведер, познат под прекарот „пари“ најави дека би можел да се врати од пензија, ако успее да договори во ист ден да се бори со двете најголеми ултимејтфајт ѕвезди Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов.

Мејведер веќе имаше една бодба во која го нокаутира Мекгрегор по што заработи 100 милиони долари, а сега сака две борби во ист ден со двете ѕвезди и најави дека веќе разговарал со првиот човек на УФЦ, Дана Вајт.

„Јас разговарав со Вајт да се борам например преку ден со Хабиб (Нурмагомедов – н.з.), а навечер со Конор (Мекгрегор – н.з.). Организацијата би била лесна, гледачите за 250 долари ќе добијат два спектакли во еден ден“, вели Мејведер.

Според американските медиуми вакво нешто е неизводливо, зашто цените од 250 евра за билет, што би значело за најубавите места и над 10.000 долари, би било прескапо, а и Вајт наводно не е заинтересиран, ама..., никој не отпишува дека може да се случи.

Од таборот на Нурмагомедов најавија дека би прифатиле борба за 100 милиони долари со Мејведер или римеч со Мекгрегор, а наводно Саудиска Арабија е расположена за таква борба. Мекгрегор нема ништо против повторно да ги вкрсти ракавиците со Мејведер.

Останува само да се види кој би организирал вакво нешто, од причина што за тројцата ќе треба да се издвојат многу десетици милиони долари за да ги привлечат на вакво нешто, што досега не се случило.