Дуелот на титаните Џошуа и Фјури на 14 август во Саудиска Арабија

Тоа што долго се очекуваше, пресметка на светските шампиони во тешка категорија за обединување на сите титули и апсолутен првак помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ќе се случи во боксерскиот спектакл на 14 август во Саудиска Арабија.

Според многумина ова ќе биде апсолутно најголемиот боксерски спектакл, пресметка која многу долго ја очекуваше светската јавност, а веќе подолго време траеа преговорите за двата најдобри боксери да ги вкрстат ракавиците за апсолутен првак.

„Ова ќе биде најголемиот светски настан кој воопшто се случил на земјата. Немојте да го пропуштите“, најави Фјури.

Џошуа (31) е шампион во верциите ВБА, ВБО, ИБФ, додека Фјури (32) е шампион во верзијата ВБЦ.

„Сите очи ќе бидат свртени кон Саудиска Арабија и едвај чекам да го скршам Џошуа на најголемата светска сцена“, рече Фјури.

Последниот апсолутен првак во тешка категорија беше Ленокс Луис од 1999 до 2000 година.