Кош на сезоната во Евролига - тројка од центар, под фаул (ВИДЕО)
Играчот на Асвел тргна во контранапад и на центарот од теренот беше фаулиран од противнички кошаркар. Успеа да ја продолжи акцијата и да шутне кон кошот, а притоа и ја протна топката низ обрачот за тројка, плус слободно фрлање.
Судиите долго го прегледуваа моментот, но на крајот донесоа правилна одлука - го признаа кошот и му доделија „пенал“ на Де Коло.