Црвена Звезда се врати од бездната, Студентски Центар „изгоре“ во Белград!

Кошаркарите на Црвена Звезда одиграа неверојатен натпревар и триумфираа против Студентски Центар со 83-81 во првиот четвртфинален меч од плејофот во АБА-лигата.

Студентски Центар одигра одлично прво полувреме кое му припадна со 40-30, а продолжи да доминира во „Штарк Арена“ и во третата четвртина кога создаде водство од +18 (56-38), но српскиот гигант почна да се буди во последните 10 минути кога направи пресврт.

Теодосиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 17 поени, два скока и осум асистенции, додека Ивишиќ постигна 14 поени, пет скокови и една асистенција за Студентски Центар.

Вториот меч меѓу Црвена Звезда и Студентски Центар се игра на 22 април.