Тен Хаг не се дава: Јас сум вистинскиот човек за Јунајтед

Со синоќешниот пораз од Кристал Палас, Манчестер Јунајтед падна дури на осмата позиција на табелата во Премиер лигата, дури и зад Челси за кокго сите велат дека има очајна сезона.

Можно е идната сезона „ѓаволите“ да не играат во европските купови, но дури ни тоа не ја намалува самодовербата кај менаџерот Ерик Тен Хаг. По дебаклот од Палас, на прес-конференцијата тој доби прашање дали уште смета дека е вистинскиот човек за Јунајтед, а тој без размислување одговори: Апсолутно!

Холандскиот стручњак има шанса да ја спаси сезоната преку ФА Купот имајќи предвид дека ќе игра во финалето против Манчестер Сити.