Ужас во Германија: Фудбалер на Херта нападнат во бар – има тешки повреди на лицето!

Фудбалерот на Херта, Ајмен Баркок, каде што игра како позајмен играч од Мајнц, изминатиов викенд бил физички нападнат во бар во Берлин, потврдија денеска од двата фудбалски клуба.

Неговиот сегашен тим информира дека тој бил итно пренесен во болница во Берлин по физичкиот напад во саботата навечер. Офанзивниот фудбалер има тешки повреди на лицето, поради што морал итно да биде опериран во неделата наутро и сега е во период на опоравување.

Засега не се знае која точно била причината за физичката пресметка, ниту како дошло до тоа, но германската полиција работи на случајот.