На премиерлигашите им „пукна филмот“ - ќе гласаат за укинување на ВАР-технологијата!

ВАР-технологијата требаше да ги намали грешките во светот на фудбалот, меѓутоа предизвика многу контроверзи и со скандалозни одлуки ја намали вербата во него, па поради тоа премиерлигашите на состанок ќе гласаат за укинување на видео-системот.

Грешките на судиите кои раководат со ВАР-системот се присутни секоја година, а така беше и во сезоната 2023/24, па поради тоа клубовите наскоро ќе решаваат за иднината на технологијата во елитното натпреварување.

Новинарот Давид Орнштајн објави дека голем дел од премиерлигашите не се задоволни од технологијата, но не откри за кога е закажан состанокот.