Митревски пред Фарски: Ја гледам Македонија како игра на СП 2025!
Голманот Никола Митревски е убеден дека Фарски Острови нема да ја запрат македонската селекција на патот кон уште едно големо натпреварување.
„Мора да бидеме максимално подготвени и фокусирани во текот на целиот натпревар против Фарски Острови. Јас ја гледам Македонија како игра на СП 2025“, кажа Митревски.
Натпреварот меѓу Фарски Острови и Македонија е закажан за утре во Торшавн од 20 часот.