Познати полуфиналните двојки на Ф4-турнирот во Келн

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лигата на шампиони (ЛШ) во Келн.

Актуелниот шампион Магдебург ќе се бори против Алборг, додека Кил ќе се пресмета против Барселона.

Ф4-турнирот во Келн ќе се одржи во период од 8 до 9 јуни кога ќе биде решен новиот европски шампион.

Во женското полуфинале ќе се соочат Есбјерг и Ѓер, односно Битигхајм и Мец.