Кјелце не преживеа во Германија: Магдебург е втор патник на Ф4-турнирот

Магдебург е втор патник на Ф4-турнирот во Келн, откако вечерва славеше на пенали против Кјелце во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Кјелце одигра солидно прво полувреме кое го доби со 13-11, но Магдебург влезе во одличен ритам во вторите 30 минути и направи пресврт за триумф од 23-22.

Екипите го решаваа прашањето за победник на пенали, а по првите пет серии беше 3-3, по што Магдебург го постигна решавачкиот гол за победа од вкупни 27-25.