Алборг го совлада Веспрем и обезбеди пласман на Ф4 во Келн

Ракометарите на Алборг му се реваншираа на Веспрем и триумфираа со 33-28 со што обезбедија пласман на Ф4-турнирот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Алборг беше подобар на паркетот во првото полувреме и замина на паузата со водство од четири гола (18-14), по што Веспрем се обидуваше да ја врати неизвесноста, меѓутоа данскиот тим оствари победа од пет гола.

Ландин го заврши натпреварот со 15 интервенции, додека најефикасен во екипата на Алборг беше Матс Хангард со девет голови.