Трета победа за Бутел во плејофот, Николов го наполни голот на Струга

Ракометарите на Бутел триумфираа со убедливи 34-20 против Струга и ја запишаа третата победа во плејофот на Суперлигата.

Бутел го најави триумфот уште на стартот кога имаше серија од 7-0, а на полувреме предноста на скопскиот тим беше 19-12.

Струга играше лошо и во вторите 30 минути, а тоа го искористи Бутел за да оствари двоцифрена победа (34-20).

Филип Николов беше најефикасен со 11 голови кај Бутел, додека Мерис Бошњак постигна осум погодоци за Струга.