Пелистер го прегази Тиквеш и зачекори кон титулата!

Актуелниот македонски шампион Пелистер вечерва славеше со 35-25 против Тиквеш во 12. коло од плејофот на Суперлигата, со што се приближи кон одбрана на титулата.

Битолчани го преземаа водството уште на самиот старт и во 14. минута достигна четири голови (10-6), додека Тиквеш не се предаваше и парираше до крајот на првото полувреме (14-18).

Тиквеш се распадна во вториот дел кога почнаа проблемите во нападот, а тоа знаеше како да го искористи актуелниот шампион кој оствари триумф од 35-25.

Богдан Радивојевиќ постигна седум голови за победничкиот тим, додека Срѓан Мијатовиќ запиша пет погодоци за Тиквеш.

Пелистер со оваа победа ја зголеми предноста пред Вардар на пет бодови, но „црвено-црните“ имаат одиграно еден меч помалку во плејофот на Суперлигата.