Епски сеир: Како „кралевите“ се радуваа по пеналот за полуфинале (ВИДЕО)

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид обезбеди осмо полуфинале во низа и остана во трката за хет-трик на европски круни, но судиската помош од Мајкл Оливер синоќа на „Сантјаго Бернабеу“ ја разгневи јавноста.

На сеирите за „победата“ во двомечот со Јувентус, остварена со пенал во 97-та минута им нема крај по социјалните мрежи, а вистински хит е видеото под наслов „Ексклузивно видео како славеа фудбалерите на Реал по пеналот на Роналдо“.

Нормално во фокусот е главниот судија Оливер, кој им помогна да изборат полуфинале.