Василица во Загреб: Ракометарите се помолија за успех! (ФОТО+ВИДЕО)
Во православен храм во Загреб, каде Отец Пимен одржа литургија и им посака среќа, ракометарите запалија свеќи и се помолија за здравје, бериќет и што подобар настасп на собирот на најдобрите европски ракометни репрезентации.
Избраниците на Раул Гонзалез на одличен начин ја стартуваа својата Одисеја во Хрватска, славејќи минимална, но голема победа над Словенија на стартот во нашата група.