Уникс го декласира Енисеј, Димитријевиќ постигна 14 поени
Димитријевиќ го заврши мечот со 14 поени, а притоа имаше и шест асистенции и четири скокови кои помогнаа за голем триумф.
Подобар од Димитријевиќ во составот на Уникс беше само Маркос Најт со 19 поени, додека на спротивната страна блесна Ксавиер Мејс-Ратан со 28 поени.
Уникс се наоѓа на првото место со 24 победи и седум порази, а зад нив е ЦСКА Москва со 23 триумфи и седум порази.