Скариоло ќе остане селектор на Шпанија до 2028 година
„АС“ пишува дека Скариоло се договорил за соработка до 2028 година и наскоро се очекува официјална потврда од двете страни.
Селекторот во првиот мандат им донесе сребрен медал на Шпанците во Олимписките игри (ОИ) во 2012 година во Лондон, додека во вториот стана светски и европски шампион, а го освои и третото место на ОИ во Рио.