Требаше да му донесе титула на Феникс, а доби отказ по само една сезона

Франк Вогел повеќе не е тренер на Феникс Санс откако неговата екипа доживеа понижувачка елиминација од Минесота со 0-4 во првата рунда од НБА плејофот.

 

Трофејниот стручњак, кој има титула со Лејкерс од 2020 година, требаше да биде долгорочно решение и да го води тимот до борба за шампионскиот трофеј, но ќе си замине по само една сезона. Тој беше назначен минатото лето, во екипата имаше неколку суперѕвезди, но не го оствари планот и затоа е отпуштен.

Како најсериозен кандидат за тренерската позиција се спомнува Мајк Баденхолзер кој има шампионска титула со Милвоки Бакс, а од лани е без ангажман откако доби отказ од тој тим.