Се огласи Леброн Џејмс – не потврди дека заминува во пензија, ама и не демантира!

Леброн Џејмс не сакаше многу да зборува за својата иднина со Лос Анџелес Лејкерс, откако неговиот тим беше елиминиран на стартот од плејофот од Денвер нагетс (1-4), но и покрај тоа што одби да одговори на прашањето „дали ќе игра во Ел-Еј и следната сезона“, мораше да се огласи неколку часа подоцна на социјалните мрежи.

Леброн со таа порака сакаше да ги поништи гласинтеи кои кружеа низ мрежите по поразот од Денвер, а кои велеа дека тој решил да се пензионира.

„Видов и слушнав приказни за мојата иднина. Сè уште не знам што ќе се случи, во моментов размислувам за времето што сакам да го поминам со семејството и пријателите. По разговорот со семејството, советниците и претставниците, ќе дознаете“, изјави Леброн.

Леброн петтиот меч против Денвер го заврши со 30 поени, девет скока и 11 асистенции, но тоа не беше доволно за да се совлада составот предводен од Никола Јокиќ. Џејмс има рок до 29 мај да се изјасни дали ќе ја искористи „опцијата“ и ќе остане во Лејкерси барем уште една сезона, што би му донело 51,4 милиони долари.