Нова мода во НБА: Играчите на Денвер се загреваа во - влечки (ВИДЕО)

Иако водеа со 3-0 и им треба само уште една победа за пласман во следната рунда од плејофот, играчите на Денвер се однесуваа крајно непрофесионално во пресрет на синоќешниот дуел со Лос Анџелес Лејкерс.

Голем дел од нив на загревање излегоа во влечки и тоа не беше за да го почувствуваат теренот, туку и шутираа така облечени, ризикувајќи дури и да дојде до повреди поради незаштитени зглобови и колена. Сепак, грешката не е кај играчите, туку кај техничкиот персонал кој заборавил да ги понесе патиките, а времето за појавување на теренот истекувало.

„Можете да барате изговори и да кажете дека нашите играчи излегоа на загревање во влечки. Ова не е нормална работа, но верувам дека би можеле да разбереме што се случува и да придонесеме тоа да не се повтори“, изјави Мелоун.

Денвер го загуби четвртиот натпревар од серијата и резултатот сега е 3-1 за актуелниот шампион во НБА.