Лука Бананамен го „залепи“ Гилџес-Александер, Далас го прогласи за вистински МВП (ВИДЕО)
На помалку од минута пред крајот, Тандер се доближи на девет поени разлика и Гилџес-Александер се најде во контранапад од кој можеше да поентира и да ја направи драмата уште поголема. Пред него, сепак, излезе Лука Дончиќ кој му залепи „банана“ и го откажа од намерата.
Во Далас беа воодушевени од потегот на својата ѕвезда, па словенечкиот ас беше прогласен за „вистински МВП“ на социјалните мрежи.