Ѕвездата на Лејкерс промаши буквално сѐ, па на тајмаут место во тренерот гледаше во – телефон (ВИДЕО)

Екипата на ЛА Лејкерс го претрпе 11. пораз во низа во пресметките со Денвер Нагетс, а трет по ред во првата рунда од плејофот во НБА.

„Езерџиите“ се на мал чекор вторпат по ред да бидат „исчистени“ од актуелниот шампион, што за некој од кошаркарите на овој тим не е доволна провокација да покажат нервоза или некоја емоција. Станува збор за бекот Д'Анџело Расел, кој беше „уловен“ како на еден од тајмаутот на тренерот Дарвин Хам наместо да слуша што зборува седум на страна со телефонот во рака.

Сето ова зачудува ако се знае дека зад него е очаен натпревар во кој одигра 24 минути и за тоа време не постигна ниту еден поен (0/7 шут од поле, од кои 0/6 за три поени).